РАУЛ ГОНСАЛЕС СИ ЗАМИНА ОД КЛУПАТА НА РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    РАУЛ ГОНСАЛЕС СИ ЗАМИНА ОД КЛУПАТА НА РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАЗаврши со сите ангажмани во македонскиот ракомет. - Раул Гонсалес

    Раул Гонсалес од денеска веќе не е селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. Шпанскиот стратег спогодбено ја раскинал соработката со Ракометната федерација на Македонија, една недела по завршувањето на Светското првенство во Германија и Данска, кадешто македонската селекција го освои скромното 15. место.

    „Ракометната федерација на Македонија и Раул Гонсалес заемно се спогодија да ја прекинат соработката. Поради потребата од селектор кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и поради оддалеченоста и професионалните клупски обврски на Гонсалес, двете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

    Гонсалес ја водеше Македонија и на последното Европско првенство во Хрватска и остана на функцијата и откако си замина од Вардар и ја продолжи тренерската кариера на клупата на Пари Сен-Жермен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира