РЕАЛ МАДРИД И БУФОН ЦЕЛАТ НА ИСТОРИЈА ВО ВЕЧЕРАШНОТО ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

    РЕАЛ МАДРИД И БУФОН ЦЕЛАТ НА ИСТОРИЈА ВО ВЕЧЕРАШНОТО ФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИРеал Мадрид и Јувентус се сретнаа и во полуфиналето на Лигата на шампиони во 2015 година, кога италијанскиот тим победи со вкупен резултат 3:2. - Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон (Фото: АФП)

    Реал Мадрид ќе се обиде да стане првиот тим што освоил две титули по ред во Лигата на шампиони кога вечерва (20.45ч.) ќе се сретне со Јувентус во финалето во Кардиф. Ниту еден клуб досега не го одбранил трофејот откако Купот на европски шампиони беше заменет со Лигата на шампиони во 1992 година, а последен тим што успеал да го направи тоа е Милан во 1989 и 1990 година.

    „Тоа е целта што секој играч на Реал Мадрид сака да ја оствари. Сакаме да влеземе во историјата… Тоа е наша амбиција и, исто така, сон за нас“, изјави ѕвездата на Реал Кристијано Роналдо за УЕФА.
    Реал, кој е рекордер со 11 титули во Лигата на шампиони, сезонава постигна најмногу голови во натпреварувањето – 32, но нивниот вечерашен противник Јувентус има примено само три гола на 12-те меча досега.

    Јувентус, чиј голман Џанлуиџи Буфон може да стане најстариот освојувач на трофејот на возраст од 39 години, има две титули и шест загубени финалиња, вклучувајќи го и поразот од 1:0 од Реал Мадрид во 1998 година.

    Стадионот во Кардиф, кој е со капацитет од 66 илјади места, одамна е распродаден, а стотици милиони други ќе го гледаат натпреварот на телевизија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира