На утрешниот Суперкуп на УЕФА, на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе им бидат дозволени паузи за вода поради жештините во Скопје. Температурата се очекува да биде околу 32 степени целзиусови, кога во 20.45 часот на стадионот „Филип Втори“ ќе почне натпреварот и УЕФА дозволи паузи во 30. и во 75. минута од мечот, ако не се намали температурата.
Јунајтед и Реал имаа слични паузи за вода, кога двата тима се сретнаа во Калифорнија минатиот месец на подготвителен меч за новата сезона.