РФМ ЌЕ ГИ НАГРАДИ КАДЕТИТЕ СО 700.000 ДЕНАРИ ЗА ОСВОЕНИОТ ЕХФ ШАМПИОНАТ ВО ЛЕТОНИЈА

    РФМ ЌЕ ГИ НАГРАДИ КАДЕТИТЕ СО 700.000 ДЕНАРИ ЗА ОСВОЕНИОТ ЕХФ ШАМПИОНАТ ВО ЛЕТОНИЈАПретседателот на РФМ, Живко Мукаетов, ги прими ракометарите по враќањето од Рига (Фото: К. Попов)

    Ракометната федерација на Македонија ќе ги награди кадетите кои пред неколку дена го освоија ЕХФ шампионатот во Летонија со 700.000 денари (над 11.000 евра). Ова го објави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, кој денеска ги прими ракометарите по враќањето од Рига.

    „Горди сме што ја вративме Македонија во елитата. Ви претстои светла иднина, но и треба многу да работите и заедно да го градиме успехот. Ова е светска работа“, кажа Мукаетов.

    Во финалето пред два дена, Македонија ја совлада Швајцарија со 24:22, со што се пласираше во А-дивизијата и ќе игра на следното Европско и Светско првенство за кадети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира