РК ВАРДАР МОРА ДА ПЛАТИ МИЛИОН ЕВРА АКО САКА ДА ИГРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    РК ВАРДАР МОРА ДА ПЛАТИ МИЛИОН ЕВРА АКО САКА ДА ИГРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕПо освојувањето на втората европска титула во 2019, Вардар падна во голема финансиска криза

    Двократниот европски првак Вардар ќе мора да плати еден милион евра ако сака следната сезона да настапува во Лигата на шампионите, објави Европската ракометна федерација (ЕХФ). Парите мора да се уплатат во две рати во текот на следниот месец.

    ЕХФ денеска ја објави листата екипи кои ќе учествуваат во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22, но местото на Вардар не беше официјално потврдено. Оттаму додаваат дека на „црвено-црните“ и минатата сезона им било дозволено да играат во Лигата на шампионите со одредени обврски, кои во меѓувреме не биле исполнети.

    „Овие пари ќе бидат искористени за да се покријат исплатите што се бараат од клубот по судски пат“, соопшти ЕХФ.

    Доколку Вардар не ги уплати парите до 27 јули, неговото место во Лигата на шампионите автоматски ќе го заземе Горење.

    Пред стартот на минатата сезона, клубот среде голема финансиска криза повторно го презеде некогашниот долгогодишен претседател и спонзор Михајло Михајловски.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира