РОНАЛД КУМАН СТАНА НОВ ТРЕНЕР НА БАРСЕЛОНА

    РОНАЛД КУМАН СТАНА НОВ ТРЕНЕР НА БАРСЕЛОНАКуман поради Барселона ја напушта клупата на Холандија (Фото: Ројтерс)

    Барселона го назначи Роналд Куман за нов тренер, два дена откако го отпушти Кике Сетиен по понижувачкиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите.

    Педесет и седумгодишната холандска легенда потпиша двегодишен договор, враќајќи се во клубот по точно две децении. Тој притоа ќе се повлече од функцијата селектор на холандската репрезентација.

    Куман играше за Барселона од 1989 до 1995 година и се прослави со победничкиот гол во финалето на Купот на европските шампиони во 1992, со кој ѝ ја донесе првата европска титула. Тој ги имаше тренерските почетоци токму на „Камп ноу“, работејќи како асистент од 1998 до 2000. Меѓу клубовите што ги водеше како тренер се Ајакс, Бенфика, ПСВ, Валенсија, Саутемптон и Евертон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира