РОНАЛДИЊА ЌЕ ИГРА ЗА ЉУБОТЕН КАКО ПРВА БРАЗИЛКА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ ФУДБАЛ

    РОНАЛДИЊА ЌЕ ИГРА ЗА ЉУБОТЕН КАКО ПРВА БРАЗИЛКА ВО МАКЕДОНСКИОТ ЖЕНСКИ ФУДБАЛРоналдиња го носи прекарот по славниот бразилски фудбалер (Фото: СДК.МК)

    Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово најави ново засилување за својата екипа – 22-годишната Бразилка Ана Бетриз Тарантино Гилермо Салино, која го носи прекарот Роналдиња, по славниот бразилски фудбалер.

    „Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме првата бразилска фудбалерка во Првата македонска лига, Ана Беатриз Тарантино, со уметничко име Роналдиња. Таа е поранешен член на Васко да Гама од Бразил и Вондерланд од Австрија. Роналдиња ќе претставува капитално засилување во остварувањето на нашата цел, а тоа е создавање екипа за европски достигнувања“, соопштуваат од ЖФК Љуботен.

    Минатата недела во Љуботен дојде Небојша Бреѓа од Србија, кој е назначен за нов спортски директор. Тој најави дека во клубот ќе се донесат звучни имаиња, со кои ќе се засили екипата. Неделава, покрај Роналдиња, на клубот му пристапи и Сања Митреска-Сани, која по шест месеци се враќа во Љуботен од АС Јунајтед Струга.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира