РОНАЛДО МУ СЕ ПРИКЛУЧИ НА САУДИСКИОТ АЛ НАСР, ЌЕ ЗАРАБОТУВА 200 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

    РОНАЛДО МУ СЕ ПРИКЛУЧИ НА САУДИСКИОТ АЛ НАСР, ЌЕ ЗАРАБОТУВА 200 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНОРоналдо си замина од Манчестер Јунајтед во ноември по контроверзното интервју во кое што го критикуваше англискиот тим. (Фото: Ал Наср)

    Кристијано Роналдо му се приклучи саудискиот клуб Ал Наср со договор до 2025 година. Португалскиот фудбалер беше без клуб откако си замина од Манчестер Јунајтед по контроверзното интервју во кое што го критикуваше англискиот тим.

    Роналдо ќе ја има најголемата плата во историјата на фудбалот и ќе заработува околу 200 милиони евра годишно. 37-годишникот кажа дека едвај чека да се проба во нова фудбалска лига во различна земја.

    „Среќен сум што имам освоено сè што сакав да освојам во европскиот фудбал и сега чувствувам дека ова е вистинскиот момент да го споделам моето искуство во Азија“, изјави Роналдо на промоцијата во новиот клуб во Саудиска Арабија.

    Ал Наср е деветкратен шампион во Саудиска Арабија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира