РОНАЛДО ПОТВРДИ ДЕКА МУ СЕ РОДИЛЕ БЛИЗНАЦИ ПО ПОРАЗОТ НА ПОРТУГАЛИЈА

    РОНАЛДО ПОТВРДИ ДЕКА МУ СЕ РОДИЛЕ БЛИЗНАЦИ ПО ПОРАЗОТ НА ПОРТУГАЛИЈАФудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо денеска потврди дека е татко на две близначиња. (Фото: ЕПА)

    Неколку часа откако Португалија загуби во полуфиналето на Купот на конфедерациите во Русија, капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо објави дека му се родиле две близначиња.

    Со денови португалските медиуми објавуваа дека неговите близнаци се од сурогат мајка во САД, но, дури откако Португалија беше елиминирана на пенали од Чиле, тој го потврди раѓањето на близнаците.
    Роналдо на Фејсбук напиша: „Многу сум среќен што конечно ќе можам да бидам со моите деца за прв пат“.
    Тој веќе има син Кристијано Роналдо Јуниор, кој беше роден во 2010 година во јуни.

    Напаѓачот на Реал Мадрид ја почна пораката, велејќи дека тој бил со тимот „со тело и душа“ без оглед на раѓањето на близнаците, додавајќи дека „за жал, не успеал да ја постигне главната спортска цел“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира