РУСИЈА СУСПЕНДИРАНА ОД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО И СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР

    РУСИЈА СУСПЕНДИРАНА ОД ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ТОКИО И СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО ВО КАТАРРуски спортисти ќе можат да учествуваат под неутрално знаме доколку докажат дека се чисти од допинг (Фото: Гети)

    Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја суспендираше Русија од сите големи меѓународни натпреварувања во наредните четири години.

    Тоа значи дека руските знаме и химна нема да бидат дозволени на настани како Летни олимписки игри 2020 во Токио и Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година. Руски спортисти, сепак, ќе можат да учествуваат под неутрално знаме, но само доколку докажат дека се чисти од допинг.

    ВАДА едногласно ја донесе одлуката на состанокот во Лозана и доаѓа откако Руската антидопинг агенција не ѝ ги доставила потребните лабораториски податоци поврзани со големиот допинг скандал, што беше услов за контроверзното укинување на нејзината суспензија во септември минатата година.

    Русија има можност да поднесе жалба во наредните 21 ден.

    Таа се наоѓа под суспензија од големите натпреварувања од 2015 година, но 168 руски спортисти настапија под неутрално знаме на последните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира