САЛФЕТКАТА СО ДОГОВОРОТ НА МЕСИ ПРОДАДЕНА ЗА РЕЧИСИ МИЛИОН ДОЛАРИ, БАРСЕЛОНА СЕ ОБВРЗАЛА ДА ГО АНГАЖИРА КОГА ИМАЛ 13 ГОДИНИ

    САЛФЕТКАТА СО ДОГОВОРОТ НА МЕСИ ПРОДАДЕНА ЗА РЕЧИСИ МИЛИОН ДОЛАРИ, БАРСЕЛОНА СЕ ОБВРЗАЛА ДА ГО АНГАЖИРА КОГА ИМАЛ 13 ГОДИНИСалфетката била потпишана за време на ручек со таткото на Меси, Хорхе. (Фото: Бонхамс)

    Салфетката со која Барселона се обврзала да го ангажира 13-годишниот Лионел Меси е продадена на аукција за 762,400 фунти, што е 969.000 долари. Почетната цена беше 300.000 фунти за врамената салфетка со димензии 16,5х16,5 сантиметри,

    На салфетката, потпишана со сино мастило во декември 2000 година, е наведено ветувањето од тогашниот директор на шпанскиот фудбалски клуб Карлес Рексач дека ќе потпише договор за ангажирање на Меси.

    Исто така, потпишана е и од Жосеп Мингела, советник за трансфери во Барселона, и од агентот Хорасио Гагиоли, кој го препорачал младиот аргентински фудбалер.

    Салфетката беше продадена на аукција на лондонската аукциска куќа „Бонхамс“, од страна на Гагиоли. Меси ѝ се приклучи на Барселона следниот месец, а за првиот тим дебитираше на 16 години и оттогаш постигна рекордни 672 голови на 778 натпревари за каталонскиот клуб.

    Меси освои 10 шампионски титули во шпанското првенство и четири во Лигата на шампиони, пред да премине во ПСЖ во 2021 година. 36-годишниот фудбалер сега игра за Интер Мајами.

    Салфетката била потпишана на ручек со таткото на Меси, Хорхе.

    Преведено, на салфетката пишува:

    „Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на Меси, Мингела и Хорасио, Карлес Рексач, спортскиот директор на Барселона, се согласува, на негова одговорност и без оглед на какви било различни мислења, да потпише со Лионел Меси, во согласност со сумите веќе договорени“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира