СЕ СУДРИЈА АВТОБУСИТЕ НА БУГАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ГРУЗИЈА, ЕДЕН ФУДБАЛЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕН

    СЕ СУДРИЈА АВТОБУСИТЕ НА БУГАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ГРУЗИЈА, ЕДЕН ФУДБАЛЕР ТЕШКО ПОВРЕДЕНИнцидентот се случил кога фудбалерите патувале од аеродромот во Тбилиси до хотелот (Фото: БТВ)

    Бугарскиот фудбалер Тодор Неделев e тешко повреден откако во Тбилиси се судрија двата автобуса на репрезентацијата. Дваесет и деветгодишниот капитен на Ботев се здобил со фрактура на черепот, но бугарските медиуми велат дека животот не му е загрозен.

    Останатите членови на репрезентацијата се добро“, соопшти Бугарската фудбалска федерација.

    Инцидентот се случил кога фудбалерите патувале од аеродромот во Тбилиси до хотелот. Тимот бил поделен во два автобуса, кои се судриле откако првиот автобус нагло закочил на влажниот пат. Неделев седел во задниот ред на првиот автобус, при што се здобил и со повреди во пределот на градите.

    Бугарија утре треба да игра со Грузија во Лигата на нации и засега нема најави дека мечот би можел да биде одложен. Бугарија е во истата група со Македонија и во првиот меч ремизираа 1:1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира