СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД РОЛАН ГАРОС

    СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД РОЛАН ГАРОССамо што се врати на терените, се здоби со повреда. - Серена Вилијамс (Фото: АП)

    Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос непосредно пред мечот од четвртото коло против Марија Шарапова.

    Триесет и шестгодишната Вилијамс кажа дека ќе ја објасни својата одлука на прес-конференција, сугерирајќи дека има повреден мускул на градниот кош.

    Трикратната освојувачка на Отвореното првенство на Франција неодамна се врати на тениските терени, откако на 1 септември роди ќерка.

    И покрај долгата пауза, таа играше во добра форма во Париз и во првите три кола испушти само еден сет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира