ШАКИРА ГИ ПРЕДВОДЕШЕ ЛАТИНО ЅВЕЗДИТЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРВОТО ФУДБАЛСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО СО 48 УЧЕСНИЦИ

    ШАКИРА ГИ ПРЕДВОДЕШЕ ЛАТИНО ЅВЕЗДИТЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПРВОТО ФУДБАЛСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО СО 48 УЧЕСНИЦИИсторискиот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити беше домаќин на забавата (Фото: АП)

    Поп-ѕвездата Шакира ги предводеше латино пејачите кои учествуваа во отворањето на најголемото Светско фудбалско првенство во историјата, чии домаќини се САД, Канада и Мексико, пред да започнат натпреварите со дуелот помеѓу Мексико и Јужна Африка.

    Историскиот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, кој беше домаќин на забавата, беше реновиран за првиот турнир со 48 екипи.

    ФИФА повторно ѝ довери на Шакира да ја сними химната на СП, по големиот успех на нејзината песна за првенството во 2010 година, „Waka Waka.

    Овогодинешната песна „Dai Dai“, напишана заедно со нигерискиот музичар Бурна Бој, беше изведена пред преполната Ацтека“, првата арена во светот која е домаќин на три светски првенства. Финалињата во 1970 и 1986 година се одржаа таму, кога титули освоија фудбалските великани Пеле и Диего Марадона.

    Уште неколку латиноамерикански пејачи настапија на отворањето. Одделни церемонии ќе се одржат в петок пред првите натпревари во Канада (Торонто) и САД (Инглвуд, Лос Анџелес). Канадските пејачи Мајкл Бубле и Аланис Морисет треба да настапат на првата, а американската поп-ѕвезда Кејти Пери на втората.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира