ШАРАПОВА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТЕНИСОТ НА 32 ГОДИНИ

    ШАРАПОВА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТЕНИСОТ НА 32 ГОДИНИШарапова освои пет гренд слем титули во својата кариера и беше светски рекет број еден (Фото: Гети)

    Марија Шарапова му кажа збогум на тенисот на 32 години.

    Во текстот објавен во списанието „Венити фер“, петкратната гренд слем шампионка вели дека се повлекува поради хроничните проблеми со рамото, кои ѝ станаа преголем товар и придонесоа да падне на 373. место на ВТА-листата.

    „Како да го оставиш зад себе единствениот живот што отсекогаш си го знаел? Како да го напуштиш теренот на кој си тренирала уште откако си била мало девојче? Нова сум во ова, па затоа прости ми. Тенис, ти кажувам збогум“, напиша Шарапова.

    Русинката ги освои сите четири гренд слем титули во периодот од 2004 до 2012 година, додавајќи го и вториот триумф на Вимблдон во 2014. Токму на тој терен се промовираше во нова голема тениска ѕвезда, кога на 17 години ја шокираше Серена Вилијамс во финалето. Во август следната година стигна до првото место на ВТА-листата. Во кариерата освои вкупно 36 ВТА-титули.

    Нејзиниот пад почна во 2016 година, кога имаше позитивен допинг-тест на Отвореното првенство на Австралија, за што доби прво двегодишна, па 15-месечна суспензија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира