ШТОМ ДОШОЛ РОНАЛДО СО НАС, ЗНАЧИ СПРЕМЕН Е ДА ИГРА, РЕЧЕ ЗИДАН

    ШТОМ ДОШОЛ РОНАЛДО СО НАС, ЗНАЧИ СПРЕМЕН Е ДА ИГРА, РЕЧЕ ЗИДАНЗинедин Зидан на денешната прес-конференција во прес-центарот на стадионот „Филип Втори“. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан кажа дека најдобриот играч на неговиот тим Кристијано Роналдо е подготвен да настапи на утрешниот меч против Манчестер Јунајтед во Суперкупот на УЕФА во Скопје. Неговото вклучување во составот на еврсопкиот шампион беше мало изненадување, бидејќи се врати од одмор пред само два дена, но Зидан вели дека Португалецот е подготвен исто како што бил подготвен за финалето на Лигата на шампиони.

    „Тој е релаксиран. Она што најмногу ме импресионираше е што тој е физички подготвен исто како денот на финалето на Лигата на шампиони. Мене само тоа ме интересира, неговата физичка подготвеност. Тоа што Роналдо дојде со нас, значи дека е спремен да игра. Сепак, ќе видиме дали ќе игра или не“, кажа Зидан попладнево на прес-конферецијата на стадионот „Филип Втори“.

    Натпреварот се игра утре со почеток од 20.45 часот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира