СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПРЕКИНА МЕЧОТ ВО СКАДАР, АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОИГРААТ УТРЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Скадар,(разниизвори)

    СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПРЕКИНА МЕЧОТ ВО СКАДАР, АЛБАНИЈА И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОИГРААТ УТРЕ

    Невреме со пороен дожд и силен ветер го прекина фудбалскиот натпревар помеѓу Албанија и Македонија во Скадар во 77. минута при резултат 1:1. Иако прекинот требаше да биде привремен, официјалните лица на мечот решија тој да не продолжи вечерва, а, според албанските медиуми, кои се повикуваат на извори од Албанската фудбалска федерација, преостанатите 13 минути ќе се доиграат, најверојатно, утре.

    Македонија имаше поддршка на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар (Фото: ЕПА)

    Македонија имаше поддршка на стадионот „Лоро Боричи“ во Скадар (Фото: ЕПА)

    Натпреварот беше оквалификуван како високоризичен, но освен исвиркувањето на химната и неколку факели фрлени кон трибината со македонските навивачи на почетокот, немаше поголеми инциденти до прекинот поради невреме.
    Албанија поведе уште во деветтата минута со голот на Садику, а Македонија израмни преку Алиоски во 51. минута.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира