СЛОВЕНЕЦОТ ПОГАЧАР ГО ОСВОИ ТУР ДЕ ФРАНС ПРЕД СВОЈОТ СОНАРОДНИК РОГЛИЧ

    СЛОВЕНЕЦОТ ПОГАЧАР ГО ОСВОИ ТУР ДЕ ФРАНС ПРЕД СВОЈОТ СОНАРОДНИК РОГЛИЧПогачар (десно) му ја одзеде жолтата маичка на Роглич на вчерашната претпоследна етапа (Фото: Гети)

    Словенија се промовираше во нова велесила во велосипедизмот откако Тадеј Погачар го освои Тур де Франс, а неговиот сонародник Примож Роглич заврши на второто место во генералниот поредок.

    Триесетгодишниот Роглич беше фаворит за триумф на најпрестижната велосипедистичка трка на светот, но на вчерашната претпоследна етапа ги загуби и временската предност и жолтата маичка, што претходно ја носеше 13 етапи.

    Погачар, кој утре ќе наполни 22 години, стана најмладиот победник на Турот од Анри Корне во 1904 година. Тој дојде до победата на своето деби на трката.

    Погачар, кој оствари големи успеси на јуниорско ниво, во професионалци премина минатата година и потоа ја освои Трката низ Калифорнија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира