Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Карлос Алкарас во финалето на Олимписките игри во Париз и ја обезбеди долгоочекуваната олимписка титула. Ѓоковиќ, кој ја освои секоја титула во тенисот, конечно го освои олимпиското злато на своите петти Олимписки игри.
Српскиот тенисер го имаше својот најдобар настап оваа година и го победи шампионот на Ролан Гарос и Вимблдон со 7:6 7:6 пред преполното гледалиште во Париз.
Тој е само петтиот тенисер кој го комплетирал златниот слем во поединечна конкуренција (сите четири гренд слем титули и олимписко злато), по Рафаел Надал, Серена Вилијамс, Андре Агаси и Штефи Граф. 37-годишниот Ѓоковиќ се повлече од истиот терен на Ролан Гарос пред два месеца и имаше операција на коленото, што го доведе во опасност неговиот олимписки сон, а неговата реакција по победата покажа колку му значи таа.
Откако го прегрна Шпанецот Алкарас, Ѓоковиќ веднаш се расплака и падна на колена на средината на теренот. Тој потоа го развиори српското знаме и се качи на трибините за да прослави со своето семејство и тимот за поддршка.
21-годишниот Алкарас исто така се расплака по мечот, но од олимпиското деби ќе си замине со сребрен медал.