СОН МИ Е ДА УЧЕСТВУВАМ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ, ВЕЛИ БОРАЧОТ ДЕЈАН МИТРОВ, НАЈДОБРИОТ СПОРТИСТ НА ШТИП ЗА 2023

    СОН МИ Е ДА УЧЕСТВУВАМ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ПАРИЗ, ВЕЛИ БОРАЧОТ ДЕЈАН МИТРОВ, НАЈДОБРИОТ СПОРТИСТ НА ШТИП ЗА 2023За да се пласира на ОИ во Париз, Митров мора да биде втор или трет на еден од квалификациските турнири (Фото: СДК.МК)

    Ќе сторам сѐ да ми се оствари мојата најголема желба да учествувам на Oлимписките игри во Париз, изјави Дејан Митров на прогласувањето за најдобар спортист на Штип за 2023 и притоа им порача на младите ако сакаат да успеат, да се откажат од пороците и постојано спортски да бидат активни.

    „Спортот е начин на живот, а јас го одбрав токму тој начин“, рече Митров.

    За да се пласира на ЛОИ во Париз, тој ќе мора да освои второ или трето место на двата претстојни квалификациски турнири.

    „Ќе ги вложам сите сили и максимално ќе се подготвувам за првиот турнир во март во Баку. Овој турнир е само за борачи од Европа. Ако не успеам во Баку, последната шанса ја гледам во квалификацискиот турнир во Истанбул во мај. Таму ќе учествуваат борачи од целиот свет, па е неопходно освојување најмалку на трето место за да се обезбеди олимписката норма“, вели Митров.

    Митров минатата година ги освои 14. место на Светското првенство во борење, осмото место на Европското првенство и првото место на Балканското првенство.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира