СРАМОТА Е ШТО БАРСЕЛОНА ИГРАШЕ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ, ВЕЛИ ПЕП ГВАРДИОЛА

    СРАМОТА Е ШТО БАРСЕЛОНА ИГРАШЕ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ, ВЕЛИ ПЕП ГВАРДИОЛАНеговата Барселона го разочара. - Пеп Гвардиола (Фото: Ројтерс)

    Пеп Гвардиола, уште еден горд Каталонец, ја критизираше одлуката на раководството на Барселона да го одигра натпреварот со Лас Палмас во неделата, додека на улиците на каталонските градови полицијата тепаше луѓе кои сакаа да гласаат на референдумот.

    Според актуелниот тренер на Манчестер сити, натпреварот никако не смееше да се игра пред празни трибини.

    „Јас не би го играл тој меч. Или, доколку мораше да се одигра, тоа никако не смееше да се случи зад затворени врати. Мораше да има гледачи. ‘Камп ноу‘ е посебен стадион. Дури и во времето на диктатурата на Франко, тоа беше единственото место каде што можеше да се чуе каталонски јазик. Беше“, разочарано заклучи Гвардиола.

    Тој ја осуди одлуката на владата да го спречи одржувањето на гласањето по секоја цена.

    „Зошто да не им се дозволи на луѓето да се изјаснат? Во Британија гласаа за Брегзит, за независноста на Шкотска… Шпанија е неверојатна земја, но мора да се разбере дека таму има популација која сама сака да реши за својата иднина“, додаде Гвардиола.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира