СРПСКИОТ КОШАРКАР СИМАНИЌ ОСТАНА БЕЗ БУБРЕГ ПО ТЕШКА ПОВРЕДА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    СРПСКИОТ КОШАРКАР СИМАНИЌ ОСТАНА БЕЗ БУБРЕГ ПО ТЕШКА ПОВРЕДА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОСиманиќ доби силен удар со лакот во пределот на левиот бубрег на мечот со Јужен Судан (Фото: ФИБА)

    Српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ остана без бубрег откако доби силен удар на мечот со Јужен Судан на Светското првенство во кошарка. Иако во прв момент беше соопштено дека здравјето на Симаниќ не е загрозено, на него дополнително му беше отстранет еден бубрег поради компликации од повредата, што ја доби на 30 август на мечот во Манила, Филипини.

    Дваесет и петгодишниот кошаркар на шпанскиот прволигаш Сарагоса истата ноќ беше опериран и првичните лекарски прогнози беа оптимистични.

    На самиот крај на мечот, Симаниќ доби навистина силен удар со лакот во пределот на левиот бубрег. Тој удар предизвика сериозна повреда на бубрегот со крвавење во мочните канали и во задстомачниот простор во околината на бубрегот. Веднаш по ударот беше јасно дека станува збор за тешка повреда на бубрегот, па итно беше префрлен во болница“, изјави лекарот на српската репрезентација Драган Радовановиќ.

    Покрај тоа што нема да игра до крајот на првенството, и натамошната кариера на Симаниќ останува под знак прашалник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира