ТАЈГЕР ВУДС ПРЕВЕЗЕН ВО БОЛНИЦА СО ПОВРЕДИ НА НОЗЕТЕ ПО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

    ТАЈГЕР ВУДС ПРЕВЕЗЕН ВО БОЛНИЦА СО ПОВРЕДИ НА НОЗЕТЕ ПО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌАВудс бил извлечен од уништениот автомобил со помош на пожарникарите и лекарите (Фото: АП)

    Еден од најуспешните голфери на сите времиња Тајгер Вудс е тешко повреден во сообраќајна несреќа откако се превртел со своето возило во Лос Анџелес.

    Од канцеларијата на шерифот на Лос Анџелес кажаа дека друго возило не учествувало во несреќата и дека автомобилот на 45-годишниот Вудс е тешко оштетен. Тој се здобил со повеќекратни повреди на нозете и од уништениот автомобил бил извлечен со помош на пожарникарите и лекарите, пред да биде префрлен во болница со амбулантно возило.

    „Тој е на операција откако претрпел повеќекратни повреди на нозете“, кажа неговиот агент Марк Стајнберг.

    Вудс имаше сообраќајна несреќа и во 2009 година, која беше вовед во бројните проблеми во неговиот приватен живот, а во 2017 беше уапсен зашто возел пијан.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира