ТЕШКА БЕШЕ ПОБЕДАТА, НО ЈА ЗАСЛУЖИВМЕ, РЕЧЕ ГВАРДИОЛА ПО ТРИУМФОТ СО МАНЧЕСТЕР СИТИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

    ТЕШКА БЕШЕ ПОБЕДАТА, НО ЈА ЗАСЛУЖИВМЕ, РЕЧЕ ГВАРДИОЛА ПО ТРИУМФОТ СО МАНЧЕСТЕР СИТИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)Англискиот фудбалски тим синоќа во Истанбул за првпат ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Интер со 1:0. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Уморен сум, смирен и задоволен. Беше толку тешко да се победи, но беше запишано во ѕвездите. Ја заслуживме победата“, изјави Пеп Гвардиола по синоќешната победа на Манчестер сити и освојувањето на Лигата на шампионите.

    Пеп Гвардиола. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Англискиот фудбалски тим синоќа во Истанбул за првпат ја освои Лигата на шампионите, победувајќи го Интер со 1:0. Проектот што Пеп Гвардиола почна да го создава пред седум години ја завршува најдобрата сезона во историјата на клубот со тројна круна, откако претходно беа освоени и Премиерлигата и ФА купот.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Чест е да се биде како сер Алекс Фергусон“, изјави шпанскиот тренер. Фергусон досега беше единствениот на кој му успеало да ја освои тројната круна во Англија.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    На мечот без многу шанси, единствениот погодок го постигна Родри во 68. минута. Во продолжението, Фоден имаше извонредна шанса да го удвои водството на Сити и да го реши мечот предвреме, а на другата страна, Димарко погоди пречка, додека Лукаку во завршните минути не успеа одблиску да го совлада Едерсон.

    (Фото: Ѓ. Личовски)

     

    (Фото: Ѓ. Личовски)

     

    (Фото: Ѓ. Личовски)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира