ТОКИО ГО ИЗГАСНА ОЛИМПИСКИОТ ПЛАМЕН И ГО ПОЗДРАВИ ПАРИЗ КАКО СЛЕДЕН ДОМАЌИН

    ТОКИО ГО ИЗГАСНА ОЛИМПИСКИОТ ПЛАМЕН И ГО ПОЗДРАВИ ПАРИЗ КАКО СЛЕДЕН ДОМАЌИНИ церемонијата на затворањето помина без гледачи на трибините (Фото: АП)

    Маскирани спортисти продефилираа на речиси празниот Олимписки стадион, додека Токио го изгасна олимпискиот пламен и му го предаде олимпиското знаме на следниот домаќин, Париз. За разлика од Токио, каде што од претпазливост поради сè уште присутниот коронавирус никаде немаше гледачи во изминатите 17 дена, па така и на церемонијата на затворањето, голем број луѓе се собраа во фан селото пред Ајфеловата кула, вклучувајќи француски медалисти од Токио, за да го поздрават доаѓањето на Игрите во Париз за три години.

    „Бев загрижен дека овие Олимписки игри ќе бидат без душа, но видовме нешто сосема различно. Успеавме, сите заедно! Ги прогласувам Игрите за затворени“, кажа претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.

    САД се најуспешната нација на ОИ во Токио со 113 освоени медали, од кои 39 златни. Следуваат Кина (88 медали/38 злата), Русија (71/20), Велика Британија (65/22) и Јапонија (58/27), а меѓу 93 држави кои се закитија со медал е и Македонија, благодарение на среброто на теквондистот Дејан Георгиевски. Поединечно, најтрофејни се пливачите Ема Мекион со седум и Кејлеб Дресел со пет медали.

    Параолимписките игри во Токио почнуваат на 24 август, а до следната зимска Олимпијада во Пекинг остануваат само 180 дена (4-20 февруари 2022).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира