Тотенхем го отпушти тренерот Жозе Мурињо по само 17 месеци на функцијата. Португалецот дојде на местото на Маурицио Покетино во ноември 2019 и минатата сезона го предводеше клубот до шестото место во Премиерлигата.
Мурињо доби отказ откако Тотенхем освои само два бода на последните три лигашки натпревари, со што се наоѓа на седмото место на табелата. Настапот во Лига Европа го заврши во осминафиналето, каде што беше елиминиран од Динамо Загреб. Клубот сѐ уште има шанси да ја заврши сезоната со трофеј, бидејќи в недела се среќава со Манчестер сити во финалето на Лига купот, но тоа ќе се обиде да го оствари со друг тренер.
Ова е четврти пат Мурињо да добива отказ во Англија, двапати од Челзи и еднаш од Манчестер јунајтед.