ЦЕЛОТО ТЕЛО МИ СЕ РАСПАЃА, КАЖА ЃОКОВИЌ ОТКАКО ПРВПАТ ИЗГУБИ ВО ПРВОТО КОЛО НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    ЦЕЛОТО ТЕЛО МИ СЕ РАСПАЃА, КАЖА ЃОКОВИЌ ОТКАКО ПРВПАТ ИЗГУБИ ВО ПРВОТО КОЛО НА ЈУ-ЕС ОПЕНЃоковиќ изгледаше физички исцрпено и во болки во текот на целиот меч со Маријано Навоне (Фото: АП)

    Новак Ѓоковиќ првпат испадна во првото коло на Отвореното првенство на САД, по мечот во пет сета, на кој постојано му се слошуваше на теренот. Триесет и деветгодишниот српски тенисер изгледаше физички исцрпено и во болки во текот на целиот меч со Аргентинецот Маријано Навоне, кој на крајот славеше со 7:6, 5:7, 4;6, 6:2, 6:1.

    Ѓоковиќ пиеше апчиња и користеше инхалатор откако повраќаше најмалку трипати, но одбиваше да се откаже. Ова е неговиот прв пораз во првото коло на гренд слем турнирите откако изгуби од Пол Голдстин на стартот на Отвореното првенство на Австралија во 2006.

    Беше очигледно дека имав ужасно чувство на теренот. Тоа е нешто што го носам на речиси секој натпревар оваа година. Целото тело почнува да ми се распаѓа, во основа, имам грчеви и болка. Грбот и рамото едноставно се откажаа на крајот. Може ли проблемот да се реши? Не знам, се обидувам“, кажа Ѓоковиќ, кој пропушти уште една можност да ја освои рекордната 25. гренд слем титула.

    Пред две недели во Синсинати, Ѓоковиќ падна на колена и повраќаше. По поразот од Тијаго Тиранте откри дека има здравствен проблем со кој се справува со години и кој влијае врз него кога е топло и влажно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира