ЦРНА ГОРА ГО ИЗБРКА СЕЛЕКТОРОТ ТУМБАКОВИЌ ОТКАКО ОДБИ ДА ГО ВОДИ ТИМОТ НА МЕЧОТ СО КОСОВО

    ЦРНА ГОРА ГО ИЗБРКА СЕЛЕКТОРОТ ТУМБАКОВИЌ ОТКАКО ОДБИ ДА ГО ВОДИ ТИМОТ НА МЕЧОТ СО КОСОВОТумбаковиќ деновиве се најде под голем притисок на српската јавност (Фото: Гети)

    Фудбалската федерација на Црна Гора (ФФЦГ) го отпушти селекторот Љубиша Тумбаковиќ откако тој одбил да ја води репрезентацијата на вчерашниот квалификациски натпревар со Косово. Од иста причина, од тимот се избркани и играчите Филип Стојковиќ и Мирко Иваниќ, кои, исто така, се родени во Србија.

    Тумбаковиќ, кој беше селектор од јануари 2016, деновиве се најде под голем притисок на српската јавност и ФФЦГ соопшти дека е непријатно изненадена од неговата одлука.

    „Управниот одбор донесе едногласна одлука да му се даде отказ на Тумбаковиќ откако тој одби да го води тимот на средбата со Косово. Освен што ова е непријатно изненадување, Тумбаковиќ со својот потег ги прекрши своите професионални должности. Жалиме што и дуото од Црвена звезда Стојковиќ и Иваниќ не сакаше да игра и знаеме дека тие се најдоа под силен притисок од одредени кругови“, се вели во соопштението на Федерацијата.

    Мечот во Подгорица се одигра без публика, откако Црна Гора беше казнета за расистички скандирања на претходната средба со Англија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира