УЕФА ГО ИСФРЛИ МАНЧЕСТЕР СИТИ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА НАРЕДНИТЕ ДВЕ СЕЗОНИ

    УЕФА ГО ИСФРЛИ МАНЧЕСТЕР СИТИ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА НАРЕДНИТЕ ДВЕ СЕЗОНИСити е казнет затоа што неточно ги прикажувал приходите од своите спонзори (Фото: Ројтерс)

    Актуелниот англиски првак Манчестер сити е исфрлен од Лигата на шампионите за наредните две сезони откако УЕФА утврдила дека направил сериозни прекршувања на правилата за лиценцирање и на финансискиот фер-плеј.

    Манчестер сити, исто така, мора да плати казна од 30 милиони евра.

    „Разочарани сме, но не и изненадени од оваа пристрасна одлука“, соопшти клубот и најави дека ќе поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд.

    Во соопштението на УЕФА се вели дека Манчестер сити сериозно го повредил нејзиниот правилник, така што неточно ги прикажувал приходите од своите спонзори во периодот од 2012 до 2016 година.

    Телото за финансиска контрола на клубовите на УЕФА отвори истрага откако германскиот магазин „Дер Шпигел“ во 2018 година објави протечени мејлови и документи кои укажуваат на финансиски неправилности во спонзорирањето на клубот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира