УЛТРАМАРАТОНКАТА КАТЕРИНА ШИПОВИЌ Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА АТЛЕТИЧАРКА ШТО ИСТРЧА 246 КИЛОМЕТРИ НА СПАРТАТЛОН ВО ГРЦИЈА

    УЛТРАМАРАТОНКАТА КАТЕРИНА ШИПОВИЌ Е ПРВАТА МАКЕДОНСКА АТЛЕТИЧАРКА ШТО ИСТРЧА 246 КИЛОМЕТРИ НА СПАРТАТЛОН ВО ГРЦИЈАШиповиќ, која е и државна рекордерка, ја истрча трката за 34 часа, 36 минути и 12 секунди, и е на 96 место од околу 380 учесници. (Фото: Фејсбук)

    Ултрамаратонката Катерина Шиповиќ е првата македонска атлетичарка која истрча 246 километри од Атина до Спарта на Спартатлон во Грција, една од најтешките ултрамаратонски трки во светот. Шиповиќ, која е и државна рекордерка, ја истрча трката за 34 часа, 36 минути и 12 секунди, и е на 96 место од околу 380 учесници.

    Македонија за првпат има претставник на трката која се одржува по 40. пат, секоја година во септември. Спартатлон, една од 10-те најтешки ултрамаратонски трки во светот каде трчаат најуспешните ултрамаратонци и има временски рок за завршување од 36 часа, учесниците ги носи од Атина до Спарта трасирајќи ја оригиналната патека на Феидипидес, кој во 490 п.н.е. пред битката кај Маратон бил испратен во Спарта да побара помош во војната меѓу Грците и Персијците.

    Катерина Шиповиќ со ултрамаратонско трчање се занимава од 2015 и една од макеоднските најпознати и најтрофејни ултрамаратонци. Таа е државен првак на трката на 24 часа со истрчани 180 километри. На Спартатлон, во тимот за поддршка на Катерина беа и ултрамаратонците Дарко Шиповиќ и Виктор Најдовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира