ВАКЦИНИРАНИОТ ГЕРМАНСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТ ГЕШКЕ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ВО ТОКИО

    ВАКЦИНИРАНИОТ ГЕРМАНСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТ ГЕШКЕ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС ВО ТОКИОГешке мораше да се повлече од денешната друмска трка и да оди во изолација (Фото: Твитер)

    Германскиот велосипедист Симон Гешке имаше позитивен тест за коронавирус на Олимписките игри во Токио и изјави дека тоа е голем шок за него бидејќи се вакцинирал.

    „Цел ден мислев дека позитивниот тест е грешка“, изјави Гешке.

    Триесет и петгодишниот Гешке беше принуден да се повлече од денешната друмска трка и да оди во изолација, согласно строгите правила на организаторите на ОИ. Првичниот тест со плунка подоцна бил потврден и со ПЦР тест, иако вредностите биле ниски.

    „Во Европа би можел да патувам, дури и да се натпреварувам. Во Јапонија сè е различно. Веројатно ги сфаќаат работите многу посериозно“, кажа Гешке, кој допатувал во Токио директно од Париз, по Тур де Франс, па смета дека можеби се заразил на аеродром.

    Повеќе од десет спортисти досега имаа позитивен тест по доаѓањето во Токио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира