ВАНЕСА БРАЈАНТ ГО ТУЖИ ПИЛОТОТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ ВО КОЈ ЗАГИНА НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ КОБИ БРАЈАНТ

    ВАНЕСА БРАЈАНТ ГО ТУЖИ ПИЛОТОТ НА ХЕЛИКОПТЕРОТ ВО КОЈ ЗАГИНА НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ КОБИ БРАЈАНТХеликоптерот на Коби Брајант летал во услови на намалена видливост (Фото: АП)

    Вдовицата на Коби Брајант покрена тужба против сопственикот и операторот на хеликоптерот во чие уривање на 26 јануари загинаа кошаркарската легенда, нивната 13-годишна ќерка и уште седум лица.

    Во тужбата, Ванеса Брајант вели дека пилотот бил невнимателен и несовесен што летал во облачни и магливи услови, додавајќи дека требало да го откаже летот.

    Таа ја поднесе тужбата вчера, кога во Лос Анџелес се одржа јавна комеморација во чест на Коби Брајант.

    Освен двете компании кои биле одговорни за хеликоптерот, Ванеса Брајант го тужи и претставникот или наследникот на пилотот Ара Зобајан, кој исто така загина во несреќата. Таа вели дека тој постапил несовесно на осум начини, вклучувајќи неможност да ги процени временските прилики, летање во услови за какви што немал дозвола и неможност да го контролира хеликоптерот.

    „Ова е доста чудно, не знам каква ќе биде стратегијата“, изјави адвокатот Роберт Хаџек.

    Зобајан, кој редовно го возел Брајант, се обидел да лета при намалена видливост, во услови кога и полицијата на Лос Анџелес ги имала приземјено сите свои хеликоптери.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира