ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕПРВАК АЛБОРГ И СЀ УШТЕ Е БЕЗ ПОРАЗ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ЕВРОПСКИОТ ВИЦЕПРВАК АЛБОРГ И СЀ УШТЕ Е БЕЗ ПОРАЗ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕОливје Њокас беше меѓу најефикасните играчи на Вардар (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вардар остана една од ретките непоразени екипи во новата сезона од Лигата на шампионите откако во „Јане Сандански“ го совлада актуелниот европски вицепрвак Алборг со 30:28 (16:16). По три одиграни кола, „црвено-црните“ имаат скор од две победи и едно реми.

    Избраниците на Веселин Вујовиќ не почнаа добро и откако во еден момент беа во негатива од шест гола, искусниот Ристовски го замени Томовски на голот и тоа се покажа еден од клучните потези на натпреварот. Поранешниот број еден на македонската репрезентација го заврши мечот со 16 одбрани, значително придонесувајќи за пресвртот што Вардар го направи во второто полувреме.

    Најефикасни во редовите на Вардар беа Дибиров, Тото и Оливје Њокас со по шест гола.

    „Алборг е тим што многу го почитувам и признавам дека бев скептичен пред почетокот на мечот. Се разбира дека сум среќен и задоволен. Имаме пет бода, но треба цврсто да останеме на земја“, кажа тренерот Вујовиќ по победата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира