ВАРДАР ИСФРЛЕН ОД ЗАВРШНИОТ ТУРНИР НА СЕХА ЛИГАТА ПОРАДИ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕКИПАТА

    ВАРДАР ИСФРЛЕН ОД ЗАВРШНИОТ ТУРНИР НА СЕХА ЛИГАТА ПОРАДИ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕКИПАТАНа вардарци не им беше дозволено да патуваат во Задар, иако обезбедија учество на Фајнл форот (Фото: СЕХА)

    Раководството на СЕХА лигата не му дозволи на македонскиот првак Вардар да игра на завршниот турнир во Задар поради еден случај на коронавирус во екипата.

    Ова следува откако сите играчи на Вардар биле тестирани на 31 август поради здравствените протоколи за влез во Хрватска, при што имало еден позитивен тест. Заразениот играч и оние кои биле во контакт со него морале да одат во изолација, а бидејќи и во остатокот од тимот имало опасност од пренесување на вирусот, СЕХА му забрани на Вардар да игра.

    Од СЕХА лигата соопштија дека постапиле согласно новите препораки на Европската Унија во врска со порастот на бројот на заразени со коронавирус.

    „Извршниот комитет на СЕХА лигата се согласи дека натпреварувањето и здравјето на учесниците не смеат да бидат загрозени. Поради тоа беше донесена одлука Вардар да биде исклучен од Фајнл форот“, соопштија од СЕХА.

    Местото на Вардар го зазеде Загреб, кој претходно беше елиминиран од „црвено-црните“ во четвртфиналето.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира