ВО МАДРИД ПРИСТИГНАА 100.000 АНГЛИЧАНИ ЗА ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    ВО МАДРИД ПРИСТИГНАА 100.000 АНГЛИЧАНИ ЗА ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕЗа безбедноста ќе се грижат 4.700 полицајци и припадници на приватно обезбедување (Фото: Гети)

    100.000 англиски навивачи пристигнаа во Мадрид за вечерашното финале на Лигата на шампионите, во кое се среќаваат две премиерлигашки екипи, Ливерпул и Тотенхем (21 часот). Мечот се игра на новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда метрополитано“, кој има капацитет од 68.000 седишта, што остави десетици илјади навивачи без билет, но има и такви кои биле подготвени да го купат по секоја цена.

    Еден навивач на Тотенхем купи карта за 8.000 фунти и притоа ќе биде во делот наменет за навивачите на Ливерпул“, изјави Пол од Ливерпул.

    На улиците и на стадионот се распоредени 4.700 полицајци и припадници на приватното обезбедување, 700 повеќе од финалето на Копа Либертадорес во декември, во коешто играа аргентинските ривали Бока и Ривер и што беше прогласено за меч од висок ризик. Полицијата за првпат ќе користи и дронови за да ги следи навивачите.

    Ваква ситуација досега не сме имале. Ова е најголемото распоредување на полицијата за еден спортски настан досега. Уверуваме дека безбедноста ќе биде на највисоко ниво“, изјави директорот на националната полиција Франсиско Пардо.

    Девет илјади летови вчера се очекуваа во воздушниот простор на Велика Британија, со што беше урнат рекордот од мај 2018, кога беа регистрирани 8.854. За секој случај, за овој викенд се подготвени и дополнителни 800 летови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира