ВО ПЕКИНГ ОТВОРЕНА 24. ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА ВО СЕНКА НА ПАНДЕМИЈАТА И ПОЛИТИЧКИТЕ ТЕНЗИИ

    ВО ПЕКИНГ ОТВОРЕНА 24. ЗИМСКА ОЛИМПИЈАДА ВО СЕНКА НА ПАНДЕМИЈАТА И ПОЛИТИЧКИТЕ ТЕНЗИИЦеремонијата се одржа на сцена направена од ЛЕД екран во висока резолуција (Фото: Гети)

    Најподелената Олимпијада во последните неколку децении се отвори денеска во Пекинг, кој стана првиот град кој бил домаќин и на летни и на зимски олимписки игри. Покрај строгите ковид протоколи, 24. Зимска олимпијада е оптоварена и со политички тензии. Голем број држави го поддржаа дипломатскиот бојкот на Игрите, обвинувајќи ја Кина за кршење на човекови права, што е поврзано со третманот на ујгурските муслимани.

    Од тројцата македонски олимпијци, само Дердан Дехари беше на отворањето (Фото: МОК)

    Покрај дефилето на 91 учесник, церемонијата на отворањето вклучи и 3.000 изведувачи на сцената од 11.600 квадратни метри, направена од ЛЕД екран во висока резолуција, што оставаше впечаток на ледена површина.

    На шоуто, кое почна на температура од -4 Целзиусови степени, немаше многу гледачи, откако организаторите решија да не продаваат билети за ОИ поради ширењето на коронавирусот. Така и целата Олимпијада ќе се одржува во затворен меур, со цел олимпијците и персоналот да немаат контакт со кинеската јавност.

    (Фото: Гети)

    Македонија има тројца олимпијци во Пекинг, од кои само алпскиот скијач Дердан Дехари беше на отворањето. Нордијците Ана Цветановска и Ставре Јада мораа да одат во изолација откако нивниот тренер Борче Јованоски имал позитивен тест за коронавирус.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира