ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕНО 15. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА РАКОМЕТАРКИ, МАКЕДОНИЈА СТАРТУВА УТРЕ ПРОТИВ ФРАНЦИЈА

    ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕНО 15. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ЗА РАКОМЕТАРКИ, МАКЕДОНИЈА СТАРТУВА УТРЕ ПРОТИВ ФРАНЦИЈАОва ќе биде прв настап на женската ракометна репрезентација на европските првенства по десет години пауза (Фото: РФМ)

    По 14 години, Македонија повторно е домаќин на големо ракометно натпреварување за жени.

    Почетокот на 15. Европско првенство за ракометарки симболично беше означен денеска во арената „Борис Трајковски“ во присуство на претставници на Ракометната федерација на Македонија, Европската ракометна федерација, македонските ракометни клубови и Агенцијата за млади и спорт. Скопје е еден од четирите градови-домаќини на првенството што ќе се игра од денеска до 20 ноември, покрај Љубљана, Целје и Подгорица.

    Во изминативе 15 години, било како ракометен фан, било како член на националната ракометна делегација, сум бил на многу меѓународни првенства. Денеска сум многу горд и среќен што Македонија е центар на еден ваков европски спектакл“, истакна претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

    Легендарната голманка Гордана Нацева е во улога на амбасадорка на ЕП.

    Сите сме свесни колку голема работа ни се случува. Направено е многу, сега доаѓаат деновите кога треба да се ужива во натпреварите. Сакам да им порачам на младите дека најубаво место за излегување во претстојните денови ќе биде СЦ ‘Борис Трајковски’“, истакна Нацева.

    Предводени од селекторот Љубомир Савевски, ракометарките го почнуваат својот настап утре против Франција (18 часот), по што следуваат дуелите со уште два гиганта на светскиот ракомет, Холандија (7 ноември) и Романија (9 ноември). Ова инаку ќе биде прв настап на женската ракометна репрезентација на европските првенства по десет години пауза.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира