ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНА СВЕТСКИОТ РЕКОРДЕР ВО МАРАТОН КЕЛВИН КИПТУМ

    ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЗАГИНА СВЕТСКИОТ РЕКОРДЕР ВО МАРАТОН КЕЛВИН КИПТУМКиптум имаше амбиции да стане првиот човек кој истрчал маратон за помалку од два часа (Фото: Гети)

    Светскиот рекордер во маратон Келвин Киптум загина во сообраќајна несреќа на 24 години. Киптум загинал заедно со својот тренер Жервез Хакизимана во несреќа која се случи во западна Кенија.

    Киптум, кој првиот маратон во животот го истрчал во 2022, се проби на светската сцена минатата година како ривал на својот сонародник Елиуд Кипчоге, еден од најголемите маратонци на сите времиња. Во октомври, Киптум го собори неговиот светски рекорд во маратон, откако на трката во Чикаго оствари време од два часа и 35 секунди. Двајцата требаше да ја претставуваат Кенија на претстојните Олимписки игри во Париз.

    Киптум беше неверојатен спортист која остава неверојатно наследство“, изјави претседателот на Светската атлетска федерација Себастијан Коу.

    Полицијата соопшти дека несреќата се случила во 23 часот по локално време. Киптум бил возачот на автомобилот кој излетал од патот и се превртел, при што тој и тренерот загинале на самото место, а нивната сопатничка била повредена и превезена во болница.

    Минатата недела, Киптум најави дека на маратонот во Ротердам ќе се обиде да стане првиот човек кој ја истрчал оваа делница за помалку од два часа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира