ЗИДАН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО МЕНТОРОТ АНЧЕЛОТИ ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ

    ЗИДАН ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО МЕНТОРОТ АНЧЕЛОТИ ВО ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИАнчелоти во 2014 година го предводеше Реал Мадрид до титулата во Лигата на шампиони, а Зидан му беше асистент. (Фото: АП)

    Како да не беа доволни вкупно 16 титули во Лигата на шампиони, четврт-финалниот дуел помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе претставува и еден интригантен дуел на учителот и ученикот. Транзицијата на Зинедин Зидан од пензиониран фудбалер до успешен тренер на Реал Мадрид во голем дел се должи на времето поминато во клубот под менторство на актуелниот тренер на Баерн Минхен, Карло Анчелоти.

    В среда, поранешните колеги ќе се соочат во првиот од двата натпревари за да одредат кој ќе го предводи својот тим во полуфиналето..
    „Подготвени сме за Реал“, вели Анчелоти, кој го предводеше Реал до титулата во 2014 година со Зидан како асистент, кога во полуфиналето го елиминираше Баерн со вкупен резултат 5:0.
    Само две години подоцна, дојде време за Зидан да ја освои Лигата на шампиони како тренер на Реал Мадрид, и тоа само четири месеци откако ја презеде позицијата од Рафа Бенитес, кој, пак, го замени Анелоти.

    Тони Крос, кој го напушти Баерн за да му се приклучи на Мадрид во периодот кога Анчелоти сè уште беше на клупата, вели дека Зидан е задолжен за враќањето на Мадрид на врвот.
    „Тој имаше големо влијание тука. Донесе позитивна енергија и нè однесе во друг правец“, рече Крос. „Игравме подобро и сето тоа ни беше возвратено со победатаво Лигата на шампиони минатата сезона.“
    Средбата на двата силни тимови ќе биде веќе 23. по ред, рекорд во натпреварувањата на УЕФА.
    „Ќе бидат два одлични натпревари. Овој дуел со сигурност може да биде и финалето на Лигата на шампиони“, вели Крос.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира