ЗЛАТО ЗА КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕР ЛИГА ВО МОСКВА

    ЗЛАТО ЗА КАРАТИСТОТ ЕМИЛ ПАВЛОВ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕР ЛИГА ВО МОСКВАМладиот штипјанец Емил Павлов веќе пет години е на врвот на европското карате и сега со златото во Москва се спрема за медал на Олимпијадата во Токио. (Фото: Фејсбук)

    Каратистот Емил Павлов го освои златниот медал во својата категорија – 60 кг на Светската премиер лига што се одржа во Москва. Павлов е кандидат за Олимписките игри во Токио и најдобриот македонски спортист за 2018.

    На првенството во Москва, Павлов победи шестмина сегашни и поранешни светски прваци. Најпрвин го победи Ласло од Унгарија со 4:1, потоа Гомез од Шпанија со 6:0, потоа Калинис од Латвија со 5:3, па Бросе од Бразил со 2:0, италијанецот Анџело со 1:0 и во финалето Ерај Самдан од Турција со 3:1.

    Павлов, член на карате клубот Штип, и неговиот тренер Сашко Арсовски по овој најнов успех рекоа дека силно се подготвуваа за ова Светско првенство, и најавија дека ова е само почеток на големите резултати што тие ги очекуваат за пласман и медали на Олимпијадата во Токио.

    Останатите македонски каратисти Петар Заборски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Виктор Крствески и Жарко Аровски не го поминаа првото коло.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира