10 УАПСЕНИ ВО АТИНА, НА ЅИДОТ НА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ИСПИШАНО „МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА“

    10 УАПСЕНИ ВО АТИНА, НА ЅИДОТ НА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ИСПИШАНО „МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА“Покрај 10-те уапсени, во полициска станица биле приведени 133 лица, но биле пуштени, по што група од триесетина отишле кај резиденцијата на американскиот амбасадор (Фото: Катимерини)

    Десетмина се уапсени и 133 се задржани во полиција, поради инцидентите предизвикани за време на протестот на плоштадот Синтагма во Атина пред зградата на грчкиот Парламент, додека пратениците расправаа за ратификација на Договорот од Преспа. Според полицијата, уапсените се членови на крајната десница и ќе бидат изведени пред јавен обвинител затоа што носеле гас маски и други типови на муниција.

    Повеќето од задржаните во полициските станици уште во текот на ноќта биле ослободени. Но, подоцна група од триесетмина поминувајќи покрај резиденцијата на американскиот амбасадор со спреј испишала графит на надворешната ограда: „Македонија е грчка“. Оваа група била фатена од полицијата и повторно одведена во централната полициска станица за да се утврди кој го напишал графитот.

    Еден полицаец бил повреден во протестите оти бил удрен со камен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира