10 ЗАГИНАТИ, 50 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИИ ВО МЕТРОТО ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ

    10 ЗАГИНАТИ, 50 ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИИ ВО МЕТРОТО ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГСпасувачка екипа пренесува повреден пред станицата Плоштад Сенаја во Санкт Петербург. (Фото: Ројтерс)

    Најмалку 10 лица загинаа, а други 50 се повредени во две експлозии во метрото во Санкт Петерсбург, јавија руските медиуми.

    Агенциите „ТАСС“ и „Интерфакс“ објавија дека експлозиите ги погодиле станицата Плоштад Сенаја и блиската станица кај Технолошкиот институт во центарот на градот.

    Сликите објавени на социјалните медиуми покажуваа делови од станицата Сенаја со скршени врати и други оштетувања во близина.

    Претседателот Владимир Путин вели дека сите причини, вклучувајќи го и тероризмот, се истражуваат. Путин се наоѓал во Санкт Петербург денеска, но сега е надвор од градот, изјави неговиот портпарол Песков.

    „Интерфакс“ објави дека најмалку 50 луѓе биле повредени и дека една од експлозиите има шанси да вклучувала и направа полна со шрапнел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира