14 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ГРЦИЈА, ВКУПНО СЕ 45

    14 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ГРЦИЈА, ВКУПНО СЕ 45Портпаролот на грчкото министерство за здравство Сотирис Циоград кажа дека 11-мина од новите пациенти се од истата група што неодамна патувала во Израел и Египет, а останатите тројца биле во контакт со нив. (Фото: Еурокиниси)

    Грчките власти денеска соопштија дека нови 14 луѓе се позитивни на тестот за коронавирус, по што вкупната бројка на потврдени случаи во земјата се искачи на 45, објави „Катимерини“.

    Портпаролот на грчкото министерство за здравство Сотирис Циоград кажа дека 11-мина од новите пациенти се од истата група што неодамна патувала во Израел и Египет, а останатите тројца биле во контакт со нив.

    Сите случаи се третираат во одделенија за изолација во болници во Патра и Рио, западна Грција. По состанокот во министерството за здравство, властите одлучија да ги прошират мерките за спречување на ширење на вирусот во трите зафатени области, Ахеја, Илија и Закинтос.

    Организирани патувања во и од областите се суспендирани на неодредено и сите фудбалски натпревари ќе се играат без публика.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира