14 РУСКИ МОРНАРИ ЗАГИНАЛЕ ВО ПОЖАР ВО ПОДМОРНИЦА

    14 РУСКИ МОРНАРИ ЗАГИНАЛЕ ВО ПОЖАР ВО ПОДМОРНИЦАМинистерството за одбрана на Русија објави малку детали за несреќата (Фото: АП)

    Четиринаесетмина руски морнари загинале откако избувнал пожар во подморница на голема длабочина, потврди министерството за одбрана на Русија. Трагедијата се случила во руските територијални води, при што морнарите се задушиле од отровни гасови.

    Министерството не објави други детали за пловилото, ниту дали има преживеани, но руските медиуми објавија дека станува збор за подморница на нуклеарен погон, наменета за чувствителни мисии на големи океански длабочини.

    Пожарот избувнал додека подморницата вршела истражувања на морското дно и во меѓувреме била превезена во арктичкото пристаниште Североморск, кадешто се наоѓа главната база на руската Северна флота.

    „Избувна пожар и 14-мина морнари загинале од вдишување на чад. Причината за инцидентот се испитува“, кратко соопшти министерството за одбрана на Русија, не прецизирајќи колку луѓе имало во подморницата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира