150 ЛУЃЕ ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ОТКАКО МИСТЕРИОЗНА МАГЛА СЕ ПОЈАВИ НА БРИТАНСКИОТ БРЕГ

    150 ЛУЃЕ ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА ОТКАКО МИСТЕРИОЗНА МАГЛА СЕ ПОЈАВИ НА БРИТАНСКИОТ БРЕГХемиската магла го зафати британското крајбрежје во неделата попладне и граѓаните беа принудени да се затворат дома да ги избегнат штетните ефекти. (Фото: Ројтерс)

    Околу 150 луѓе завршија во болница откако непознат гас го погоди брегот на Велика Британија кај Источен Сасекс. Плажата Бирлинг Геп беше евакуирана во неделата откако луѓе се пожалија на потешкотии при дишењето, печење на очите и повраќање по појавувањето на магла. Полицијата од Сасекс денеска кажа дека хемиската магла се расчистила, но сѐ уште немаат го немаат утврдено нејзиното потекло.

    Во минатото, хемикалии доаѓале преку Ла Манш од француските фабрики, но сега властите велат дека метеоролошките модели сугерираат дека малку е веројатно гасот да дошол од Франција. Крајбрежната стража соопшти дека соработува со француските власти да ги провери бродовите што биле во областа изминатиов период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира