16-ГОДИШНА АКТИВИСТКА ПРОТИВ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ НОМИНИРАНА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР

    16-ГОДИШНА АКТИВИСТКА ПРОТИВ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ НОМИНИРАНА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИРГрета Тунберг почнала сама да протестира во Стокхолм во август и покрена глобално движење на младите (Фото: Ројтерс)

    Грета Тунберг, 16-годишната шведска средношколка која покрена светско движење на младите против климатски промени, е номинирана за Нобелова награда за мир, ден пред најголемите протести досега.

    Тунберг во август почнала сама да протестира еднаш неделно пред парламентот во Стокхолм, што потоа инспирираше маршови на ученици низ цел свет. За утре се закажани протести во повеќе од 1.600 градови во 105 држави, на што ќе се придружи и Македонија.

    „Ја номиниравме Грета Тунберг бидејќи ако не направиме ништо да ги сопреме климатските промени, тие би можеле да бидат причина за војни, конфликти и бегалски кризи. Грета Тунберг покрена масовно движење, за кое сметаме дека е голем придонес кон светскиот мир“, изјави Фреди Андре Евстегорд, пратеник во норвешкиот парламент.

    Германската канцеларка Ангела Меркел и ирскиот премиер Лео Варадкар се меѓу видните политичари кои ги поддржаа ученичките протести, покрај градоначалниците на Париз, Милано, Сиднеј, Барселона, Осло, Монтреал и Филаделфија.

    Оваа година има 301 номиниран за Нобелова награда за мир, меѓу кои и македонскиот премиер Зоран Заев.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари