17-ГОДИШНИК УБИ ДВЕ И РАНИ ДЕВЕТ ДЕЦА ВО НАПАД СО НОЖ ВО АНГЛИЈА

    17-ГОДИШНИК УБИ ДВЕ И РАНИ ДЕВЕТ ДЕЦА ВО НАПАД СО НОЖ ВО АНГЛИЈАПолицијата кажа дека нападот не е поврзан со тероризам (Фото: ПА)

    Два деца се убиени, а девет се ранети во денешниот напад со нож во работилница за танц во англискиот град Саутпорт близу Ливерпул. Шест од ранетите деца се во критична состојба, исто како и двајца возрасни, објави полицијата.

    Нападот го извршил 17-годишник, кој е уапсен и обвинет за убиство и за обид за убиство. Полицијата кажа дека не се бараат други лица во врска со овој напад, кој не се смета за терористички.

    Истрагата е во рана фаза и засега не е познат мотивот на овој трагичен инцидент“, соопшти полицијата на Ливерпул.

    Локалните медиуми објавија дека нападот се случил во детски клуб сместен во поранешно складиште.

    На часовите по танц и јога присуствувале деца на возраст од шест до десет години. Меѓу ранетите има многу деца, сцената беше ужасна“, изјави новинарот Тим Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира