17 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ПО ПАДОТ НА ФИЛИПИНСКИ ВОЕН АВИОН

    17 ВОЈНИЦИ ЗАГИНАА ПО ПАДОТ НА ФИЛИПИНСКИ ВОЕН АВИОНАвионот имал 92 патника, меѓу кои тројца пилоти и пет членови на екипажот, а останатите биле воен персонал. (Фото: АП)

    Седумнаесет војници загинаа, а најмалку 40 се повредени откако филипински воен авион „си-130“ се урна на југот на земјата.

    Секретарот за одбрана Делфин Лорензана рече дека во тек е спасувачка операција. Авионот имал 92 патника, меѓу кои тројца пилоти и пет членови на екипажот, а останатите биле воен персонал. Засега најмалку 40 лица се однесени в болница, а службите се обидуваат да ги спасат останатите.

    Авионот „локид си-130 херкулес“ беше еден од двата авиона, кои беа во сопственост на американското воздухопловство, а кои ги добија како подарок годинава. Војската со децении се бореше со исламистичките фракции на Абу Сајаф.

    Сѐ уште не е позната причината за несреќата. Воениот командант Горлето Винлуан рече дека според изјавите на очевидците, авионот најверојатно ја промашил пистата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира