УКРАИНА ПОТВРДИ ДЕКА ПОЧНАЛА СО ОФАНЗИВНИ ОПЕРАЦИИ НА ИСТОКОТ

    УКРАИНА ПОТВРДИ ДЕКА ПОЧНАЛА СО ОФАНЗИВНИ ОПЕРАЦИИ НА ИСТОКОТУкраинската војска објави снимка од новите борби кај Бахмут

    Украинските сили се префрлија на офанзивните активности во некои области, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Маљар. Извори од украинската војска потврдија дека серија помали офанзивни операции е во тек, кои вклучуваат оклопни возила.

    Тие не кажаа дали тоа значи почеток на долгоочекуваната противофанзива, која се подготвуваше со месеци. Русија претходно објави дека одбила голем украински напад во Доњецк.

    Маљар кажа дека во центарот на судирите е Бахмут, додавајќи дека руските сили се бранат таму, исто како и на југот. Заповедникот на копнените сили Олександр Сирски изјави дека украинските сили се движат кон Бахмут и имаат уништено руски позиции близу градот.

    Руската платеничка група „Вагнер“ тврдеше дека целосно го зазела градот, за потоа да ѝ го отстапи на регуларната руска војска, но некои аналитичари велат дека украинските сили се обидуваат да го опколат Бахмут и да ги доведат Русите во стапица.

    Иако Киев кажа дека нема официјално да го најави почетокот на противофанзивата и повика да не се шпекулира за операциите на украинската војска, на фронтот се забележува зголемување на воените активности, особено во регионите Доњецк и Запорожје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира