20 СРЕДНОШКОЛЦИ ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО ГВАЈАНА

    20 СРЕДНОШКОЛЦИ ЗАГИНАА ВО ПОЖАР ВО ГВАЈАНАПожарот избил после полноќ во дом за сместување на средношколци. (Фото: Сан)

    Најмалку 20 деца загинаа во пожар во рударската област Мадија, во централна Гвајана, Јужна Америка, соопштија властите.

    Пожарот избил после полноќ во дом за сместување на средношколци.

    Владата вели дека спасувачките служби се борат да се згаснат пожарот, поради лошите временски услови.

    Повеќе лица се повредени и се подготвуваат да бидат пренесени во болници во главниот град Џорџтаун.

    „Ова е голема трагедија. Страшно и болно е“, изјави претседателот на Гвајана, Ирфан Али.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира